56-годишната актерка со гордост ги носи своите години а тоа отворено го призна во интервјуто за списанието InStyle.
Актерката која моментално има прилично активна сезона промовирајќи три филма, гордо изјави дека не се срами од своите години и последиците кои тие ги носат врз нејзиниот изглед.
“Да не зборуваме за идеата како навршувањето 40 години е нешто страшно, мислам, наместо тоа би можеле да бидете мртви затоа радувајте се, уживајте во староста затоа што тоа е огромна привилегија”
“Секој старее а тоа е природен процес, а кога би се спречило тоа би настанала катастрофа. Мислам дека е мнкгу важно да се биде она што си”.