Секој месец во годината е различен на свој начин, со себе носи различни појави и случувања, па така е и со луѓето кои се родени во тој месец. Тие се разликуваат од сите останати по бројните квалитети и предности.
1. Романтични срца
Лицата родени во овој месец од годината се посебно романтични и за нив важи дека се одлични љубовници. Привлечни се за спротивниот пол и можат да освојат кој и да посакаат.
2. Мирољубиви се
Оние кои се родени во октомври се посебно мирољубиви и ги привлекува мирното и тивкото окружување. Заради својата блага природа имаат малку непријатели. Ретко го засилуваат гласот и губат нервите.
3. Зрачат со оптимизам
Никогаш не ја губат надежта и се борат до самиот крај, па затоа се вели дека луѓето родени во октомври имаат заразен оптимизам. Заради него се прилично добри лидери кои ги мотивираат луѓето во своја околина. Имаат позитивни визии дури и во најтешките ситуации.
4. Имаат голема емоционална интелигенција
Луѓето родени во октомври, се на самиот врв на листата кога станува збор за ваквиот тип на интелигенција. Тие не само што се свесни за своите емоции, туку нивната емпатија и социјалните вештини им се подеднакво брилијантни.
5. Харизматични се
Луѓето родени во октомври живеат со полни гради, па таа е најчестата причина заради која луѓето знаат да им завидат.
6. Гостопримливи се
Кога се работи за гостопримливоста, повторно се на врвот на листата. Луѓето родени во октомври се толку љубезни, што ќе се погрижат на другите да им е удобно дури и по цена да жртвуваат некое свое задоволство.
7. Одлучни се
Луѓето родени во октомври се ориентирани и фокусирани на успесите во животот. Тие ништо не прават половично и ги завршуваат обврските без оглед на тежината.