Магазинот Galore направи специјално издание на чија насловна се појави 36-годишната милионерка Парис Хилтон.
Таа позираше во неколку различни изданија облечена во светкави и розови тоалети кои наликуваат на оние кои ги носи оригиналната Барби а исто така таа ја искористи приликата да ја промовира својата нова колекција на чевли.
На неколку фотографии Парис позираше заедно со своето момче, актерот Крис Зулка.
“Омиленото нешто ми е да седиме дома заедно. Тој е мојот најдобар пријател и секогаш поминуване одлично време заедно”, изјави Парис.