Категории

Млечната диета создадена од познатиот диетолог Гари Бенџамин

Млекото треба да биде природно и неварено. Може да биде и малку затоплено. Важен услов е млекото да се пие бавно – на мали голтки или со цевка. Исто така потребно е млекото да биде нискомаслено.

Првиот ден се пие по 1 чаша млеко на секои 2 часа, од 8.00 до 22.00 часот.

Вториот ден по една чаша млеко на секои 1,5 часа.

Третиот ден по 1 чаша млеко на секој час.

Постепено се зголемува количеството на млеко додека се постигне норма од 1 чаша на секои 30 минути.

Освен млекото може да се консумираат свежо овошје и зеленчук и сушено овошје. Салатите од свеж зеленчук се зачинуваат со малку маслиново масло и сок од лимон. Сол и оцет се забранети, но затоа можете да користите соја сос, кој е здрав и вкусен.

Во врска со салатите и овошјето, треба да го знаете следново правило – млеко се пие најмалку 30 минути пред јадење и никогаш по време на јадење. Јасно е дека во денот кога се пие млеко на секои 30 минути, не е возможно да се јаде дополнителна храна, но и чувството на глад не е силно.

Диетата се прави не повеќе од 7 дена. За ова време вие сигурно ќе намалите 5 и повеќе килограми. Ако сакате повеќе, тогаш ќе направите пауза од една седмица и ќе го повторите истото.

Прегледи:
510
Објавено на:
27.09.2017