Категории

Чудо од Мостар: Има 6 години и го знае тоа што многу од вас не го знаат (ВИДЕО)

Нино Авдиќ на 2-годишна возраст започнал да покажува знаци дека ќе биде вистински генијалец.

Живее во Мостар, а неговиот талент е познавање на сите главни градови и знамиња на сите држави. Неговата љубов кон географијата се родила кога имал само две години.

Нино не учел од никој, туку самиот почнал да истражува преку мобилниот телефон. Тој на телефонот не игра игри, туку само учи преку него, а неговите родители планираат да му купат таблет.

Ги знае 99% од главните градови и знамиња, а често го поправа и татко му кога ќе погреши. Освен тоа тој знае да ги наброи сите видови кучиња и змии отровници.

Погледнете како Нино го воодушевило жирито на хрватскиот натпревар „Суперталент“:

Прегледи:
634
Објавено на:
01.10.2017