Категории

Како да се справите со лошиот мирис на нозете?

Габичките, особено во пределот на ноктите, можат да предизвикаат болки, но и непријатна миризба на самите стапала. Како да се решите од оваа непријатност?

Тајната е во оцетот, по можност јаболков. Јаболковиот оцет содржи високо ниво на калиум, а се користи за подготовка на разни јадења и салати.

Секако, оцетот е и одлично дезинфиционо средство, па наоѓа примена и кај наведениот проблем со габички.

Начин на подготовка:

Во леген растворете млака вода со јаболков оцет во размер 1:1. Можете да додадете и лажичка маслиново масло.
Потопете ги стапалата во легенот и држете ги околу 20 минути. Не ги мијте, до наредниот ден. Повторете ја постапката за два дена.

Прегледи:
381
Објавено на:
09.10.2017