Австралискиот модел и актерка Руби Роуз повторно соработуваше со брендот Nike овој пат со доста силна кампања која испраќа порака до сите жени – дека се моќни, цврсти и заслужуваат да бидат единствени.
Новата ‘капсула’ колекција ги вклучува патиките Special Field Air Force 1 во нивната плитка верзија во две бои – бургунди и црна. Во рекламната кампања Руби позира во клучните парчиња од колекцијата чии вибрации одлично се поклопуваат со духот и стилот на актерката.
Новиот модел на патики е наменет само за жени и го има само во женска верзија а ќе биде пуштен во продажба 27 октомври.