Селена Гомез, амбасадорката на брендот Coach, во новата празнична кампања изгледа спремно за забава во елегантен и женствен фустан финиширан со гламурозна ташна и богат накит.
Новата колекција е исклучиво наменета за забави и весели ноќи, вклучува светкави префинети фустани со сјајни детали кои ќе го пополнат плакарот на секоја дама. Познатата пеачка позираше во Њујорк пред објективот на реномираниот Стивен Мејсел носејќи ги истакнатите парчиња од колекцијата како чипкан фустан со принт, и бел крзнен капут дизајниран од креативниот директор на модната куќа Stuart Vevers. Погледнете како Coach и Селена пополека се подготвуваат за празничната сезона..