Бојата на виното попозната како burgundy е заштитен знак за студената сезона. Таа е женствена и дамска и одлично се комбинира со поголемиот дел од облеката. Она што ја прави идеална е тоа што може да се комбинира и во кежуал и во елегантни комбинации. Доколку оваа зима сакате да се подновите со ново палто тогаш изберете го да биде во темно црвена боја. Како хит нијанса оваа сезона никако не ја заобиколувајте,бидејќи таа е една од оние стилски класики која секогаш ќе бидат во тренд.