Категории

Повторно во тренд – РАЗДЕЛЕНИ ШИШКИ

Шишките повторно се прославија помеѓу трендовите кај фризурите благодарение на бројни познати дами. Тие се сметаат за фризура која подмладува поради тоа што ги истакнуваат цртите на лицето.

Како најнов тренд се издвојува фризурата ‘curtain bangs’ која во буквален превод би значела ‘шишки како завеса’ односно разделени шишки.

Тие се познати низ времето како заштитен знак во имиџот на легендарната Бриџит Бардо која до ден денес им осигура култен статус па така тие се сеуште популарни. Доколку размислувате за промена на вашата фризура тогаш овој тренд е иделен изборза вас, а познатите дами во галеријата подолу ќе ве убедат во тоа.