Како што температурите паѓаат така Victoria’s Secret ја вжештува атмосферата со своите празнични новости, последно не почасти со откривањето на овогодинешниот градник од фантазиите вреден 2 милиони долари, а сега повторно ги собра својте неодоливи ангели на едно место во чест на празничната кампања за 2017 година.
Моделите Елса Хоск, Тејлор Хил, Жозефин Скривер, Џазмин Тукс, Сара Сампајо, Марта Хант и Стела Максвел ги претставија најновите парчиња долна облека од колекцијата ‘Dream Angels’. Целокупната колекција е во богати шампањ и златни тонови инспирирани од градникот од фантазиите кој ќе биде претставен на ревијата која ќе се одржи во Шангај следниот месец.