Категории

Викторија Бекам на насловната страница на “Vogue”

42 годишната Викторија Бекам изгледа како девојче на фотографиите кои ќе бидат објавени во декемвриското издание на списанието “Vogue”.

Викторија е облечена во розеви пижами и лежи на кревет. Во интервјуто за ова списание се присети на нејзините комбинации од тинејџерските денови, кажувајќи дека не се облекувала провокативно, се додека не станала член на групата “Spice Girls”.

Исто така изјави дека иако експериментирала со својот изглед, многу пати и било и жал. Исто така, препорача на луѓето дека треба да експериментираат и да пробаат нови работи за полесно да сфатат што им одговара на нивниот изглед.

Прегледи:
421
Објавено на:
09.11.2017