Француската пеачка и актерка Ванеса Паради ќе ја краси насловната на руското издание на модниот магазин ELLE за месец декември.
Таа носи псрчиња од високата мода на брендот Chanel со кого ја започна својата долгогодишна соработка уште во ’90-тите кога го промовираше нивниот парфем Coco. Ванеса сподели детали од својот приватен живот, за својата 18-годишна ќерка со актерот Џони Деп – Лили Роуз за која изјави дека започна хуманитарна акција донирајќи ја својата облека од детството. Популарната пејачка за својата долгогодишна кариера сподели дека започнала да напредува после издавањето на нејзиниот 4-ти албум.
ќерка