Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп уште од првиот ден кога официјално стана прва дама привлече внимание со своите модни избори.
Првото нешто кое предизвика бројни озборувања беше тоа што речиси сите познати модни куќи се огласија дека не сакаат таа да ги носи нивните креации што потоа многу од нив го променија мислењето.
Таа е често мета на бројни критики за своите стајлинзи кои во повеќето наврати не се совпаѓаат со настаните или нивната впечатливост секогаш предизвикува бурни реакции. Ова се нејзините најконтроверзни сталинзи а зошто е тоа така ви откриваме во продолжение.
Кошулата од брендот Gucci именувана како ‘Pussy bow’ покрена широка дебата зошто првата дама на америка избрала парче со таков назив. Само неколку денови пред настанот, Доналд Трамп упати непримерни и шовинистички коментари кон жените, што Меланија сакаше да порача со изборот на оваа блуза?
Капутот од брендот Dolce&Gabbana вреден 12 милиони долари покрена бројни критики врз Меланија. Имено тоа покрена бурни рекации поради тоа што овој капут е 7 пати повисок од просечната плата на еден американец, критиките упатени кон изборот на овој капут беа дека Меланија не ја претставува реалната слика за својата земја и не е добар пример за неа.
Скапоцениот розов фустан со потписот на модната куќа Delpozo вреден мало богатство, првата дама на Америка избра да го носи за настан на кој јавно изјави дека “ниедно дете на светот не смее да биде гладно”. Таа веднаш беше осудена за изборот на облеката и неговата цена како неприкладна на таквиот говор.
Меланија беше мета на уште еден потсмев кога излезе од Белата куќа во високи потпетици и авијатичарски очила за сонце на пат кон Тексас кој беше погоден од катастрофалните поплави од ураганот Harvey. Таа повторно беше критикувана за неприкладниот стајлинг додека нејзиниот сопруг беше добро опремен со чизми и дождовна јакна.
Веќе е јасно дека омилениот моден аксесоар на Меланија се очилата за сонце, таа толку ги обожава што ги носи дури и навечер. Таа повторно беше критикувана за неприкладниот мкмент на носење.
За време на службената посета на семејството Трамп во Ватикан и средбата со папата Фрањо, Меланија избра да се држи до кодексот кој налага да се носат црни фуста и со долги ракави и вел на главата. Сето тоа беше чудно поради тоа што папата веќе долго време се труди да го ‘олабави’ строгиот кодекс на облекување.
За време на посетата во Ријад, Меланија и ќерката на Доналд – Иванка, беа во центарот на вниманието поради тоа што главите не им беа покриени. Во тоа конзерватвно кралство важат строги правила за жените кои не смеат да излегуваат непрокриени, да студираат или патуваат и без претходна дозвола од таткото, мажот или братот, не смеат да возат, притоа тие мораат да носат црни традиционални фустани во јавност со покриени глави.
Денот кога Доналд Трамп беше назначен за 45-иот претседател на САД, сите очи беа вперени кон него и новата прва дама која се појави во небесно син фустан-капут од модната куќа Ralph Lauren. Тој предизвика лавина коментари дека Меланија многу потсетуваше на легендарната Џеки Кенеди.