Категории

Утре е голем празник: Се слави Свети Архангел Михаил, заштитникот на болните

На 21 ноември, христијанските верници ќе го прослават големиот христијански празник Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни или меѓу народот познат како Свети Архангел Михаил. На овој ден, голем број верници ќе го прославуваат својот именден.

Кој е Свети Архангел Михаил?

Михаил  е архангел споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е споменат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ (Даниел, 10:13) кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ (Даниел, 10:21, 12:1). По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“)

Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Голем дел од доцните Мидрашки подробности за Михаил се пренесени преку Книгата на Енох, од каде понатаму биле дообработени. Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓистанале светец-заштитник на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција, Редот на Свети Михаил во 1469. Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци – Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи. Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивенсветец-заштитник.

Има многу традиционални верувања за овој ангел. Тој ги посетува сите болни луѓе. Затоа и треба да обрнете внимание, доколку застане кај нозете не е добро, а ако застане над главата ќе биде добро и болниот ќе се излекува.
Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица.
Прегледи:
811
Објавено на:
20.11.2017