Оваа година американската пејачка Бијонсе се најде на првото место на листата на Форбс на најплатени жени во музиката, со заработка од 105 милиони долари.
Нејзиниот албум “Lemonade” беше одлично прифатен и од публиката и од критичарите, а нејзината светска турнеја достигна заработка од четвртина милијарди долари.
Бијонесе по шести пат го зазема првото место на оваа листа. На второто место и припаѓа на Адел, со заработка од 69 милиони долари. Тејлор Свифт е трета со 44 милиони, а Селин Дион со 42 милиони долари.