Категории

Циметот помага во согорување на маснотиите

Американските научници открија дека циметoт содржи есенцијално масло кое го стимулира метаболизмот, а истовремено го разгорува процесот на согорување на масти во телото.

Станува збор за кинамалдехид, органска супстанца што му дава циметот вкус и мирис, а се наоѓа претежно во неговата кора.

Научниците од Универзитетот во Мичиген открија дека кинамалдехидот ја активира термогенезата, која претставува метаболички процес на производство на топлина во телото, а процесот се базира на оксидација на хранливи материи во клеточните митохондрии.

Термогенезата го стимулира губењето на тежина, што ги наведе научниците да заклучат дека циметот ја поттикнува целата низа на метаболички процеси.

 

 

Прегледи:
376
Објавено на:
25.11.2017