Категории

Маче и куче обожаваат да патуваат заедно

Планинарите Синтија Бенет и нејзиното момче го посвоиле кучето Хенри во 2014-та.  Хенри имал само 14 недели кога го вдомиле, но веќе бил пет пати поголем од кучињата на негова возраст.

Прв пат го однеле на тура после три дена откако го вдомиле. Неколку месеци подоцна тие решиле да земат уште милениче на кое ќе му овозможат топол дом. Овојпат, тоа било мачето Балу.

Не поминало многу време пред и Балу да им се приклучи на авантурите во дивина.

Токму на овие авантуристички тури во природата настануваат фантастичните фотки од двете миленичиња кои обожаваат да патуваат заедно. Погледнете ги фотографиите.