Категории

Apple наскоро ќе лансира телефон по пониска цена

Aмериканската компанија Аpple во следните неколку месеци може да лансираат нов, поевтин iPhone.

Пред некое време се појавија нови гласини за „евтината верзија“ слична на веќе познатиот iPhone SE кој што на љубителите на Apple би требало да им понуди интересна алтернатива во однос на скапиот iPhone X.

iPhone SE беше лансиран во април 2016-та година – опремен е со 4-инчен екран и метално куќиште кое што првобитно беше користено на iPhone 5. Опремен е со солидна камера и во принцип нуди одличен хардвер, помали димензии и тоа што е најважно, пониска цена.

Најверојатно Apple би го претставиле овој „мал“ телефон  во април 2018-та.

Прегледи:
482
Објавено на:
05.12.2017