Ќеркичката на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, Алана Мартина, која се роди на 12-ти ноември, донесе голема среќа во нивното семејство.
Нејзината прва фотографија беше направена во болницата, но на таа фотографија нејзиното лице воопшто не се гледаше. Неколку дена подоцна, нејзината мајка Џорџина, објави уште една фотографија од нејзината ќерка.
За првпат 22-годишната мајка се појави на насловна страница заедно со нејзината ќеркичка, каде јасно се гледа нејзиното лице и изгледа преслатко.
Фотографиите на Џорџина и Алана Мартина се најдоа на насловната на шпанското списание “HOLA”. кој им направи посебна фотосесија. Исто така Џорџина зборуваше за љубовта и врската со Роналдо, како и за бременоста и уште многу други детали за животот.