Категории

Научете како да ги чистите вашите заби темелно, брзо и ефикасно

Сите посакуваме да имаме убава насмевка, здравите и убави заби не само што се многу важни за здравјето, исто така и ни помагаат да оставиме добар впечаток пред другите.

Поради тоа, сите посакуваат заби во блескаво бела боја како кај познатите личности. Затоа, подобро е да одржувате редовна орална хигиена доколку сакате погледите да бидат вперени кон вашите заби. Ова е трик кој може да го направите дома за вашите заби да бидат снежно бели.

Научете да ги чистите забите брзо, едноставно, ефикасно со помош на овие две состојки: сода бикарбона и 1 лимон.

Следејќи ги овие чекори ќе добиете блескаа насмевка:

  • ставете една лажица сода бикарбона во чинија
  • пресечете го лимонот на половина
  • исцедете го лимонот доволно за да наполни една лажичка со течноста
  • измешајте го сокот од лимон со содата
  • земете салфетка
  • салфетката натопете ја со миксот и нанесете го на забите
  • почекајте две минути
  • исплакнете ги забите за да ги добиете очекуваните резултати

Погледнете се во огледало, ќе забележите разлика во вашите заби. Важно е да се напомене дека оваа процедура не треба да ја практикувате премногу често, бидејќи ова е трик кој треба да се користи понекогаш, за да не дојде до несакани ефекти врз здравјето на забите.

Прегледи:
553
Објавено на:
06.12.2017