Категории

Џенифер Лоренс егзотична каубојка во новата кампања на Dior

Музата на француската модна куќа Dior – Џенифер Лоренс повторно застана пред објективот во улога на каубојка за новата resort колекција за 2018 година.

Колекцијата вклучува егзотични парчиња во шарени цветни дезени од лелеави материјали, чипкани фустани и шапки во вестерн стил. Креациите се дело на креативниот дизајнер на брендот – Мариа Грасија Кјури додека 27-годишната актерка позираше пред објективот на Стас Комаровски.

Прегледи:
399
Објавено на:
21.12.2017