Категории

Сензуалност и гламур во новата колекција на Naeem Khan

Дизајнерот ја откри колекцијата за есен 2018 богата со многу сензуалност и гламур кои како и секогаш се главни адути во неговата работа.

Колекцијата изобилува со спектакуларни тоалети изработени од илјадници мали кристали и скапоцени камења, светки и луксузни материјали кои го одземаат здивот. Неутралната мрачна палета е финиширана со бран светли бои како розова, црвена и бела боја. Заводливите силуети и длабоките деколета ја прават оваа колекција фаворит за сезоната на настани на црвениот тепих. Naeem Khan уште еднаш докажа зошто е нарекуван крал на вечерната елегантна облека.

Прегледи:
287
Објавено на:
24.12.2017