Дијамантите важат за статусен симбол за жената. Тие најчесто ги красат вереничките прстени и скапите ѓердани и бразлетни.
Ниту една жена не може да му одолеат на овој скапоцен камен кој со својот сјај едноставно маѓепсува.
Заради својата убавина, дијамантите се најдоа на листата на интересни факти, кои секој треба да ги знае.
Зборот „дијамант“ потекнува од грчките зборови „адамас“ и „адамантос“, што значи непобедлив.
Познатиот музичар Акон поседува рудник за дијаманти во Јужна Африка.
Еден неверојатен податок ни доаѓа од историските записи и вели дека дијамантот прв пат бил користен за острење секири.
Постои ѕвезда од дијаманти во вселената. Наречена е Луси (заради песната „Lucy In The Sky With Diamonds“) и оддалечена е од Земјата 50 светлосни години.
Ако вистинскиот дијамант го осветлите со ултравиолетова светлина, ќе свети неколку секунди во темница.
Дијамантите се отпорни на киселини и бази.
Графитот во обичниот молив е направен од јаглен, исто како и дијамантот, бидејќи и едниот и другиот се алотропски модификации на јагленот.
Првиот дијамантски веренички прстен го добила Марија од Бургундија од својот вереник Максимилијан.