На 75 Златни Глобуси, речиси сите актерки се појавиjа во црни фустани, во знак на протест против сексуалното злоставување во филмската индустрија од страна на Харви Вајнштајн.
И покрај виралноста на кампањата, само 3 жени не се појавија во црно. Станува збор за Барбара Мајер, Бланка Бланко и Мехер Татна.
Барбара Мајер се појави на Златните Глобуси во раскошен фустан во комбинација на сиви, сини, бели и розови нијанси, надополнети со светки. 36 годишната Бланка Бланко се појави во црвен долг фустан, со разголени делови кај деколтето и високи шлиц. Претседателката на „Hollywood Foreign Press Association“, Мехер Татна, иако облечена во црвено, на својата облека ја закачи значката за солидарност. Според неа, во духот на индиската традиција е носење црвена облека за време на прослави.