Категории

Светски компании кои даваат платено отсуство ако земете ново кученце

Да се чува домашно милениче е навистина тешка работа. Тие, исто како и децата бараат многу љубов и внимание додека да се навикнат на новиот дом и да создадат врска со сопствениците.

Поради тоа, некои светски компании одлучиле на луѓето што ќе земат милениче да им излезат во пресрет и да им дадат слободни денови за да им помогнат на миленичињата да се поврзат со нив и да се навикнат на новиот дом.

Тие компании се следниве:

Mars Petcare

Eдна од првите компании, која им дозволи на вработените да земат отсуство од работа кога ќе земат милениче. На работниците дозволени им се 10 часа платено отсуство, а подоцна дозволено им е да го донесат миленичето на работа.

BrewDog

Ова е шкотска компанија, за која вработените тврдат дека е најдобра за работа. Причината за тоа е што компанијата за пиво дава една седмица платено отсуство, а причина за тоа е што раководството вели дека многу сака кучиња.

BitSol Solutions

Технолошката компанија во Манчестер нуди една седмица платено отсуство ако некој од вработените земе ново милениче. Според вработените во оваа компанија, кучињата се чуваат како бебиња, па потребно е сопственикот да биде дома со нив додека се навикнат.

Mparticle

IT компанијата нуди две седмици платено отсуство од работа за вработените што ќе посвојат или спасат кученце.  Според вработените во оваа компанија, кучето е рамноправен член на семејството.

Прегледи:
345
Објавено на:
09.01.2018