Среќа е да имаш нога како на Елена Ристеска, но среќа е да имаш и глас и талент како една од омилените пејачки на македонската естрада.
Една од нашите најуспешни, секако и најубави, пејачки Елена Ристеска на својот инстаграм профил објави фотографија со која веднаш доби илјадници лајкови и коментари со пофалби за нејзиниот изглед.
Секако не е среќа само да имаш добра нога, таа го има еден од најдобрите вокали на македонската музичка сцена, а секогаш се труди да биде иновативна и повеќе пати низ годините ги почести нејзините фанови со музика во различен стил.
Иако симпатиите на јавноста беа поделен околу нејзината „Tequila & Lemon“, сепак таа неуморно работи на нови проекти и гради музичка кариера и надвор од границите на Македонија. Таа беше дел и од празничната песна „Вечниот Бог“ заедно со нејзините колеги Тамара, Влатко Лозановски, Викторија Лоба, Даниел Кајмаковски и ја почестија македонската публика со убава празнична музика, која можете да ја слушнете во прилог.