Категории

Ова се местата кои се населени, иако не би требало да бидат

Без разлика дали се наоѓаат под сенката на опасен вулкан, во замрзнатиот дел на Сибир или пак на некое сосема непроодно место – овие места дефинитивно не се идеални, ниту погодни за живеење. Но, постојат луѓе кои не сакаат да се откажат од своите обичаи ни наследство и по цена на изложувањето на опасност. 

Пустината Attacama, Čile

Ова место се смета за еден од најсушните предели во целата Земја. Во оваа пустина дождот е исклучително ретка појава, која се случува само 4 години во период од 1000 години. Температурите се екстремни – од високи дневни до премногу ладни за време на ноќта. Но, и покрај ова, многумина ова место го нарекуваат свој дом – а повеќето се работници во локалните рудници за бакар.

Verkhoyansk, Rusija

Најстариот град над Арктичкиот круг, е дом на 1500 луѓе кои живеат во замрзната пустелија која низ историјата е позната како место за егзил на луѓето кои биле протерани од царот.

Планината Merapi, Indonezija

Позната под името „огнена планина“, Мерапи секогаш се гуши во чад и во изминатите 500 години еруптирала преку 60 пати. Тоа не ги спречува луѓето чиј број изнесува околу 250 000, да живеат во нејзиното подножје.

La Riconada, Peru

Местото кое се наоѓа на околу 5 км над нивото на морето на перуанските Анди, познато е како највисокотот место на кое живеат луѓе. Таму живеат околу 30 000 луѓе и работат во рудникот за злато, па многумина од нив патат од труење со жива, а што е најлошо не добиваат плата за извршената работа. Работат во рудникот 30 денови по ред, а потоа на 31-виот ден дозволен им е од рудникот да земат руда онолку колку што можат да понесат.

Bajau Laut, Filipini

Ова место не е опасно само по себе – меѓутоа луѓето тука се автохотна етничка група која цел свој живот го поминува на своите куќи кои плутаат низ океанот.

Прегледи:
441
Објавено на:
15.01.2018