Категории

НАЈВАЖНИ ТРИ РАЗЛИКИ МЕЃУ МАШКОТО И ЖЕНСКОТО НЕВЕРСТВО

Мажите не се единствените што изневеруваат, иако причините за тоа се разликуваат во однос на нивната понежна половина. И тоа драстично.

Ви ги откриваме трите најважни разлики меѓу машкото и женското неверство!

Зошто?

Иако причините за машкото неверство се разликуваат од личност до личност, исто како и кај жените, кај мажите неверството е главно физичко. Тие се склони да потклекнат во моментот или, пак, бараат незадолжителни врски.
Од друга страна, кога жените изневеруваат, тие тоа почесто го прават од љубов кон друга личност или поради длабоко емоционално незадоволство со актуелната врска. Од таа причина, мажите ретко ги напуштаат жените заради љубовницата, додека не е реткост жените да побараат развод заради заеднички живот со новиот партнер.

Колку?

Иако и двата пола се склони кон подолги афери, тие, и во двата случаи се почесто исклучоци отколку правила. Имено, ниту едниот ниту другиот пол не се впушта толку лесно во долги споредни врски, особено затоа што што токму неверството го користат како бекство од сопствените.
Мажите во неверствата имаат „две брзини“, или секс за една ноќ или повеќе повремени авантури кои обично минуваат сами од себе или траат додека не бидат фатени.
Меѓутоа, жените се впуштаат во долги врски кои често и самите потсетуваат на бракови, додека не се разведат или додека не го „изгустираат“ новиот љубовник.

Со кого?

Од претходните карактеристики произлегува и оваа – мажите изневеруваат со оние жени што им се достапни, а жените со инаку тешко достапни мажи. Тоа значи дека еден од најбитните фактори на машкото неверство е ситуацијата, фактот „дека може“.
Кај жените обично прво претходи подолга желба за тоа, голема привлечност, флерт, двоумење, па дури тогаш впуштање во авантура. Затоа не зачудува тоа што мажите многу често ги изневеруваат своите постојани партнерки со помалку привлечни жени од своите, додека жените, речиси секогаш, изневеруваат со „подобри прилики“ , од своите партнери. Било физички, било финансиски.
Извор : Попара.мк
Прегледи:
384
Објавено на:
17.01.2018