Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад по кој знае кој пат докажа дека е единствен кога станува збор за венчаници. Нема невеста која на нејзиниот свадбен ден не сака да изгледа совршено, а овие фустани ви се одлична инспирација за вашиот совршен фустан.
Неговата нова колекција е олицетворение на неговата отменост и раскош.
Но, она што ја прави оваа колекција уште попривлечна, е суптилниот спој со романтичната естетика пренесена преку изборот на нежна тантела украсена со цветни детали.
Долгите и впечатливи велови, што за следната сезона веќе се најавени како водечки тренд, доминираат и во оваа колекција.