2018 година ќе биде година на бројни иновации на многу производители. Еден од нив е и кинеската компанија Huawei.
Компанијата се подготвува за претставување на паметен часовник, кој што многу ќе се разликува од останатите. Тој ќе има куќиште кое ќе биде чувствително на допир.
Рамката на часовникот ќе биде поделена на осум делови, од кои секој ќе може да смени некаква функција на часовникот.
Корисниците ќе можат многу полесно, само со допирање на одреден дел од куќиштето на часовникот, да пристапат до менито, да стартуваат одредени апликации, да го подесуваат времето и слично.