Категории

Ситуации во кои родителите беа во право, но ние ги сфатиме откако пораснавме

Многу од луѓето ќе се согласат дека за време на тинејџерските денови сме се однесувале грубо кон своите родители. Во тие години сме мислеле дека сме најпаметни, дека се знаеме и ретко кога сме сакале да ги прифатиме советите од нашите родители.

Но, неколку години подоцна, откако пораснавме, сфаќаме колку тие биле во право. За сите работи кои ни ги кажале и укажале сфаќаме дека биле со добра намера.

Едно од нештата кои не сме ги сакале на 15 години, е да носиме капа на главата и хулахопки под панталоните. Но, после 20-ите години, и тоа како се потсетуваме на зборовите на нашите мајки и сами облекуваме топла облека кога е ладно. Сфаќаме дека здравјето е поважно од сè, а потоа се „фаќаме“ како и ние ги делиме истите совети на помладите или на пријателите.

Погледнете ги фотографиите на кои се претставени различни ситуации со кои сме се соочувале во минатото, а кои не сме ги разбирале.

 

 

Прегледи:
520
Објавено на:
28.01.2018