Понеделникот го означува почетокот на новата недела, новите предизвици. Овој понеделник ви предлагаме да бидете креативни и да направите едноставна и многу ефикасна портокалова свеќа која ќе го декорира вашиот дом или канцеларија за време на зимските ноќи.
Портокаловата свеќа не само што е прекрасна декорација, туку и ќе го наполни ентериерот со прекрасен мирис од ароматичните каранфилчиња.
Се што ви е потребно е портокал, каранфилчиња, мала свеќа, молив, нож, лажиче и чепкалка за заби.
Како да ја направите свеќата? Најпрво нацртајте го со молив обликот на свеќата на кората. Исечете го обликот со нож и со лажиче отстранете ја кожата и месото на плодот до длабочината на свеќата. Со помош на чепкалката за заби, направете дупки во портокалот, а потоа ставете во дупките ароматични каранфилчиња и направете украсни шари.
Имајте убава, миризлива, портокалова недела.