Категории

15 факти за Нутела по повод светскиот ден на ова кремасто задоволство

Денес е денот кога го славиме она вкусно, кремасто задоволство – нутелата.

Како подобро да го обележиме денот од тоа да дознаеме повеќе за нутелата? Па секако, најдобро е јадеме од ова вкусна мешавина од какао и лешници, но прво да дознаеме неколку факти за неа.

  1. Се произведува во Италија, во компанијата Фереро, а на пазарот се појавила во 1964 година.
  2. Пјетро Фереро бил сопственик на пекара во Алба, Пjeмонт, област позната по производство на лешници. Го продал првиот производ од 300 кила од “Pasta Gianduja” во 1946 година. Тоа тогаш било блок, во цврста форма, но Фереро започнал да продава кремаста формула од производот “Supercrema” во 1951 година.
  3. Во 1963 година, синот на Фереро, Микеле решил да го рашири производот низ Европа. Неговиот состав бил изменет и го добил името Нутела.
  4. Првата тегла Нутела заминала од Алба во април 1964 година, има инстантен успех и популарност.
  5. Главните состојки на Нутелата се шеќер и палмино масло, потоа лешник, какао и млеко. Во САД Нутелата содржи и соја.
  6. Во повеќе држави е насловен како крем од лешник, а не какао крем. Законските регулариви не дозволуваат да го носи тоа име бидејќи не содржи доволен процент на какао концентрат за да се вика какао крем.
  7. Фереро користи 25% од глобалното количество на лешници.
  8. Тегла Нутела се продава секои 2,5 секунди.
  9. Микеле Фереро, човекот на чело на компанијата се проценува дека вреди 23,5 милијарди долари.
  10. Групацијата Фереро прави уште некои незаменливи и мега популарни производи, како Киндер, Фереро Рошер чоколадца и Тик Так.
  11. Во просек дневно се произведуваат над 600.000 килограми Нутела.
  12. Во Франција не е дозовлено да се викате Нутела. Во 2014 година еден француски пар сакал да си го крсти бебето Нутела. Државата не го дозволила ова, па го крстиле детето Ела, откако семејството не се појавило на суд.
  13. Фереро Групацијата троши една четвртина од вкупното производство на лешници од целиот свет.
  14. Нутелата е безглутенска.
  15. Со години Нутела била бесплатна за децата во Италија. Многу продавници низ државата се држеле на полисата „Донесете си свој леб“ кој значи дека можете бесплатно да јадете Нутела кај нив.

Откако дознавме повеќе за нутелата мора да ви кажеме каде ги имате највкусните Нутела специјалитети. 

Куќата на нутелата или NU House & Friends во Скопје можете да ја најдете во City Mall, а таму има широка палета на вкусни нутела специјалитети. Палачинки, крофни, американски палачинки, вафли, полни со оваа кремасто задоволство и надополнети со вкусови по ваша желба.

Некогаш зборовите се излишни, а ќе ве оставиме со овие фотографии кои ќе ви ја доловат магијата која се подготвува во NU House & Friends,

 

Прегледи:
759
Објавено на:
05.02.2018