Категории

Што се крие зад љубовната приказна на принцот Чарлс и принцезата Дијана?

Принцот Чарлс и принцезата Дијана се запознале кога принцот Чарлс се гледал со нејзината постара сестра, Lady Sarah McCorquodale. Но, принцот Чарлс се заинтересирал за Дијана како идна невеста во летото во 1980 година кога биле на викенд во природа, каде што таа го гледала додека тој играл поло. Така започнала нивната врска.

Иако двајцата изгледале како совршен пар, сепак нивниот брак не бил совршен. Принцот Чарлс во тоа време се уште контактирал со неговата поранешна девојка, Камила Паркер, кој денес му е сопруга.

Според гласините, принцот Чарлс и Камила сакале да се венчаат, но, таткото на Камила се вмешал и ја натерал да се омажи за друг. Поради ова, Чарлс одлучил да остане со Дијана. Во тој период, кралското семејство постојано му вршело притисок да се ожени. Тогаш тој одлучил дека со текот на времето може да ја засака 19-годишната Дијана и по само 12 состаноци, принцот Чарлс и предложил брак на 6 февруари 1981 година и Дијана прифатила, но нивната свршувачка била чувана во тајност неколку недели.

Причината зошто ја криеле свршувачката веројато лежи и во начинот на кој тој ја запросил Дијана. Во една прилика, тој ја прашал дали ќе се омажи за него, а таа нс шала му одговорила дека ќе се омажи. Но, подоцна сфатила дека тој е сериозен. Кога сфатила дека е сериозен, и покрај тоа што тој и рекол дека ќе биде кралица, таа прифатила и му одговорила дека никогаш нема да биде кралица, туку ќе има само тешка улога. На тоа, принцот Чарлс истрчал по скалите за да и каже на мајка му.

Набрзо ја објавиле свршувачката, а веднаш по сврувачката, принцот заминал на пат сам шест седмици, а 19-годишната Дијана морала сама да се справува со медиумското внимание.

За жал, после 11 години брак, било јасно дека нивниот брак не може повеќе да опстои. Во 1995 година кралицата испратила писма каде наредила да се разведат, а на 28-ми август 1996 година и официјално се развеле.