Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала попладнево во 15 часот и 23 минути е почувствуван во Скопје. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар земјотресот бил со епицентар во Сопиште, со длабочина од еден километар. Ова е втор потрес денеска во Скопје. Првиот беше утрово во 08:03 часот во истото епицентрално подрачје, со јачина од 2,6 степени според Рихтер. Прегледи: 393 Ознаки: јачина · скала · скопје Категории: Занимливости · Секојдневие Објавено на: 02.02.2018