Категории

Јадете ги овие работи ако цело време сте изморени

Постојаната работа под притисок и стрес, ладното време се причина број еден зошто многумина постојано се чувствуваат изморени.

Шана Фобс е нутриционист и фитнес инструктор, која со своите совети ќе ви помогне како да се заштите од секојдневниот стрес со кој се соочувате.

Според неа, треба да ги јадете следните работи:

Авокадо

Авокадото содржи многу корисни хранливи состојки. Тоа е добар извоор на витамин К, фолна киселина, ратителни влакна и здрави масти.

Јаболко

Јаболкото е богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калиум, калциум железо, магнезиум и цинк, фосфор,  но овој сочен плод содржи антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.

Макадамија

Макадамија оревите имаат сладок вкус и се богат извор на енергија. Макадамија се одличен извор на минерали како калциум, железо, магнезиум, манган и цинк.

Боровинки

Боровинките  ја помагаат работата на мозокот, ја омекнува сувата кожа, а исто така го спречува развојот на канцерогени клетки.

Црно чоколадо

Темното чоколадо е богато со калиум, калциум, железо, бакар, магнезиум.

Кељ

Кељот изобилува со големо количество на витамините А и К, а исто така содржи голема количина на витаминот Ц. Други нутриенти кои може да се најдат во добри количини се витамини Б6, растителни влакна, манган и омега 3 масни киселини.

 

Прегледи:
512
Објавено на:
13.02.2018