Македонската музичка ѕвезда, Елена Ристеска, моментално престојува во Дубаи. Таа фотографиите од своето патување во Обединетите Арапски Емирати ги сподели на својот профил на Инстаграм.
Елена заедно со своите пријатели ги истражува и ужива во убавините на престолнината на лускузот и екстраваганцијата.
Со цел да ја испочитува традицијата, Елена со марама на главата позираше пред популарниот луксузен хотел Бурџ ал-Араб.