Категории

Водечкиот Инстаграм тренд е вистинско решение за сите оние кои сакаат да направат промена на косата

Кога сакаме да направиме некаква промена, прво нешто што ни доаѓа на памет е да направиме промена на нашата коса. Промената подразбира нејзино шишање или пак промена на нејзината боја.

Кога станува збор за промена на бојата, водечкиот Инстаграм тренд, ќе ги задоволи желбите само на најхрабрите девојки и жени. Станува збор за опал косата.

Опал косата се добива како резултат на мешавина од нежни, пастелни тонови како розева, сина, металик и тоа на светла бела или сива основа.