Категории

Гламурнозни и со бели ружи, ѕвездите испратија порака од црвениот килим на Британските музички награди

Вчеравечер се одржаа Британските музички награди, а очекувано на црвениот килим поминаа многу ѕвезди во гламурозни изданија.

Рита Ора, Холи Вилоугбај, Елие Гоудлинг и Кајли Миног беа предводнички на црвениот килим, а тука беа и Шерил и Лиам Пејн, кои покажаа дека се заедно и покрај шпекулациите за нивна разделба.

Белите ружи кои ги носеа ѕвездите се дел од кампањата #МеТоо, која исто така се спроведува и во Македонија со #СегаКажувам, која има за цел да ги поттикне жените да проговорат за нивните искуства како жртви на сексуално насилство.

 

Парола на иницијативата „Times up“ e „Нема веќе молчење. Нема веќе чекање. Нема веќе толеранција кон дискриминација, вознемирување или злоупотребување. Времето истече“

Независниот правен фонд го кренаа жените во шоу бизнисот со цел да се промени систематската нерамноправност меѓу мажите и жените во работното опкружување, но исто така, да се даде поддршка и помош на лицата кои претрпеле насилство од соработниците и претпоставените во нивната фирма.

        

Прегледи:
418
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
22.02.2018