За љубителите на серијата „The Big Bang Theory“ и фановите на легендата на развојот на технологијата, следниве вести навистина ќе ги израдуваат. Бил Гејтс во март ќе се појави во една епизода на популарната серија и ќе се игра самиот себе.
Според информациите објавени „Entertainment Weekly“ во епизодата во која ќе се појави Бил Гејтс, Пени (Кејли Куоко) ќе го услужи Гејтс на работа, а момците „ќе направат се што е во нивна моќ“ за да го запознаат.
Инаку Гејтс досега има гостувано само во серијата „Frasier“ во 2001 година.