За луѓето од западните земји, патувањето во странство никогаш не им претставувало проблем. Меѓутоа, на многу луѓе во неразвиените земји им треба виза за да влезат во други земји.
Сирискиот пасош се смета за еден од најскапит. На граѓаните потребни им се 500 долари за да го обноват документот ако се надвор од земјата или во конзулат во странство, а во итни случаи, издавањето пасош во Сирија чини 800 долари.
Следен најскап пасош е австралискиот. За да се извади австралиски пасош. треба да се платат 282 долари.
Пасош на кој најмногу му одговара цената на трошоците за негово вадење е германскиот – за 120 долари Германците добиваат пасош со кој без проблем може да влезат во 179 земји.
Најевтиниот пасош на светот дефинитивно е тунискиот кој го зазеде 72. место на листата најмоќни пасоши, што значи дека жителите на Тунис може да влезат без виза во 66 земји со пасошот што чини 25 долари.
На листата најскапи пасоши се најдоа и Турција (255,66 долари), Швајцарија (182 долари), Нов Зеланд (168 долари), Канада (161 долар), САД (155 долари), Велика Британија (149,50 долари) и Сингапур (78,50 долари).