Секој од нас би сакал да живее во земја која е безбедна, која нема криминал и која е интересна и богата. Добрата вест е дека оваа земја постои и сместена е помеѓу Австрија и Швајцарија. Станува збор за Лихтенштајн.
За оваа земја интересно е да знаете дека криминал речиси и да не постои. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници. Секој што е осуден на затворска казна подолга од две години заминува да ја отслужи во Австрија.
Еднаш годишно сите жители се повикуваат на забава, т.е. на пиво во градините на дворецот „Вадуц“.
Пред пет години имало можност да се изнајми целата територија на Лихтенштајн за една ноќ. Имено, во соработка со компанијата „Airbmb“ се нудел простор за сместување на 150 гости, дегустирање вина со принцот и сопствена моментална парична валута. Ова задоволство чинело 70 илјади долари.
Пред неколку години е објавен водич за однесување за доселеници. Во него строго се препорачува да се биде тивок за време на официјалното траење на ручекот, од 12 до 13:30 часот.
Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот јазик, но жителите главно не го зборуваат. Мнозинството се користат со алеманскиот дијалект, кој е многу различен од стандардниот германски јазик.