Категории

Познат бројот на поканети гости на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл

Над 2.600 гости се поканети на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, која ќе се одржи на 19 мај во палатата Виндзор.

Британското кралско семејство информираше дека досега се испратени покани до 2.640 гости, кои ќе присуствуваат на свадбата и на свечената процесија од замокот.

Меѓу поканетите се претставници на хуманитарни организации, како и деца од околните училишта.

Принцот и идната принцеза рекоа дека нивна желба е свадбата да биде што е можно повеќе отворена за јавноста.

Прегледи:
358
Објавено на:
02.03.2018