Категории

Бебек ја посети Селма од познатиот хит на „Бјело дугме“како изгледа таа денес

Еден од најголемите хитови на „Бјело дугме“ пее за Селма Бориќ, госпоѓа која навистина постои и денес живее во Загреб.

Има 89 години и како што има кажано во едно интервју е осамена бидејќи сите кои и значеле си заминале од овој свет.

Селма деновиве во својот дом ја посети Жељко Бебек, кој постави нива заедничка фотографија на Инстаграм.

-Во посета на мојата драга Селма, напиша Бебек и повторно предизвика бура од емоции на социјалните мрежи.

Ова не е прва средба на Бебек и Селма, тие се сретнаа и во 2012 година, 38 години по создавањето на познатата песна.

Прегледи:
471
Објавено на:
18.03.2018