Ким не признава дека има корекции на своето лице, но сега тоа јасно се гледа.
Крис Кардашиан на Инстаграм објавила фотографија од далечната 1997 година на која позира со своите ќерки. Мајката на познатите старлети и ријалити ѕвезда на фотографиите изгледа исто како и денес, а покрај неа се Кендал и Кајли и седумнаесет годишната Ким.
Тогаш сеуште имала природна боја на коса, а тоа што најмногу паѓа во очи се нејзините исклучително текни веѓи кои во тоа време биле хит.
Меѓутоа, Ким никогаш не ја признала корекцијата на носот и филерите на образите и усните, кои кога ќе ги споредиме со старите фотографии се очигледни. Јасно е дека старлетата сепак била „под нож“, бидејќи станува збор за големи промени врз кои не влијаеле ни годините.