Категории

5 модни додатоци на кои нема да им одолеете оваа пролет

Елементот кој ја освежува секоја комбинација на облека се модните додатоци, а оваа пролет се е во деталите.

1. Беретки и елегантни качкети

Елегантните качкети се повторно во мода и веќе ги носат речиси сите светски трендсетерки. Тие ги комбинираат со фармерки, фустани или плетени џемпери, а овој лежерен но, ефективен детал ќе биде совршен додаток во вашите комбинации.


Доколку сте љубителка на женствените модни додатоци, тогаш вистинскиот избор за вас е беретката. Оваа класична француска капа е тренди додаток преку кој вашиот стил ќе делува шик, особено доколку носите црна беретка.


2. Плетени торби

Плетените торби од бамбус веќе не се само за на плажа. Мали, големи, едноставни или со додатоци, овие торби се пожелни за секоја пригода. Нема да ви биде проблем да ги пронајдете овие модели на торби во трговските центри бидејќи се застапени во сите форми и димензии.


3. Тесни очила

Тесните очила кои одвај ги покриваат очите секако се еден од водечките трендови од 2017 година, а тоа нема да се промени ни оваа пролет. Овие ретро очила за сонце се застапени во различни бои.

happiest birthday to my soul sister @lilmami_lani ♑♉ loveyoulongtime

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on


4. Гломазни обетки

Овие обетки како тренд се провлекуваа неколку сезони, а се чини како со доаѓањето на секое годишно време се повеќе се зголемуваат. Така оваа пролет ќе се носат парчиња обетки кои достигнуваат речиси до рамениците. Ако сте љубители на впечатлив накит, тогаш ова е правиот избор за вас.


5. Впечатливи чорапи

Деновите кога комбинацијата на чорапи и сандали беше строго забранета се минато. Всушност тоа е тренд кој ќе ја одбележи пролетта 2018-ма. Во оваа комбинација чорапите ќе доминираат. Ќе се носат чорапи со линии, шари во разни бои и должини. Голем тренд исто така ќе бидат и мрежастите чорапи, само оваа сезона ќе се носат пократки од обично, до глуждовите.

#socksandsandals

A post shared by Dee (@thevintagepoint_) on

Прегледи:
593
Објавено на:
20.03.2018