Крис Џенер, мајка на “кланот” Кардашијан – Џенер, наводно планира уште едно дете.
Крис има полни 62 години, а сега заедно со својот партнер Кори Гембл (37) планира да посвои дете, пренесува “Gloser”.
Најпознатата ријалити мајка веќе има шест деца – Кортни, Ким, Клои и Роб Кардашијан, како и Кендал и Кајли Џенер. Таа е горда баба на Мејсон, Пенелопи, Рејн, Норт, Сејнт, Чикаго, Дорми и Сторми.
Но овој таблоид вели дека полна куќа деца сепак не и е доволна, бидејќи силно посакува уште едно бебе и тоа син.
– Кори веќе беше во неколку домови за напуштени деца во Лос Анџелес, и се “заљуби” во едно момченце. Во моментот ја собираат целата потребна документација со цел да ја започнат процедурата за посвојување – наведува извор на таблоидот.
Крис веќе зборуваше за синдромот “празно гнездо” гостувајќи во емисијата на Елен Џенерс пред една година.