Категории

Ова е зимскиот моден тренд кој продолжува и оваа пролет

Сигурни сме дека едно од најчестите прашања кои си го поставуваат жените е Што да облечам?!

Па така, и во овој премин од зима во пролет, се поставува прашањето кој правец ќе го фати модата. По се изгледа боите кои беа тренди оваа зима остануваат на врвот. Пролетта е бездруго период кога се застапени повеќе бои, а за престојната сезона „прогнозата“ е монохроматски изгледи во вибрантни бои.

Овој тренд можеше да се забележи на повеќе ревии, како Tibi, Victoria Beckham и Michael Kors. Нијанси на лила, зелена, сина…смели изгледи кои гарантирааат шик изглед. Свежи и кул, секоја модерна девојка треба да има некое парче облека инспирирано од овие трендови.

СИНА

Една од понеутралните и елегантни бои, од глава до пети во нијанси на сина и не звучи така лошо.

 

ЗЕЛЕНА

Излезете од комфорната зона и обелечете зелено џемперче врз зелениот џемпер. Комбинирајте со металик елементи и шик очила.

ЛАВАНДА 

Оваа пролетна тренди боја е нежна и омилена кај повеќето. Лесно може да се носи, свежа е и пријатна.

Прегледи:
575
Објавено на:
23.03.2018