Последната ноќ на одмор во Египет, мајката им дозволила на своите деца да направат тетоважи од кана во хотелот со четири ѕвездички во кој престојувале.
Кожата на момчето почнала да го пече уште при цртањето, па веднаш му ја измиле. Кај ќеркичката Медисон бојата е нанесена, како би понесла дома убав спомен од патувањето.
Меѓутоа, кога се качиле на авионот за дома, местото каде што била тетоважата почнало многу да ја пече. Следниот ден следувал реален шок: кожата под цртежот била црвена и полна со меурчиња – и ја болела многу! Бојата предизвикала хемиски изгореници на кожата.
Медисон веднаш била однесена во болница, каде што лекарите морале да и го пукнат секое меурче, а потоа и ставиле крема. Таквите лузни ќе и останат за цел живот.
Отровна боја
Не грижете се, бојата за тетоважа со кана не треба да предизвика такви реакции. За жал, често се додава p-phenylenediamine (PPD), кој е заслужен бојата да трае подолго, но исто така и за алергиски реакции и изгореници кај децата. Оваа супстанција е дозволена само во бои за коса во ЕУ.